Дома Фудбал Останато OТКРИЕНО: Рикардо Кака можел да првиот фудбалер од 100 милиони, познат и клубот со кој СЕ било договорено!

OТКРИЕНО: Рикардо Кака можел да првиот фудбалер од 100 милиони, познат и клубот со кој СЕ било договорено!

Со заминувањето на легендарниот Рикардо Кака и официјално се „пензинираше“ незаборавниот тим на Милан.

Дида, Кафу, Стам, Неста, Малдини, Пирло, Гатузо, Сидорф, Кака, Шевченко и Креспо екипа на која денес после 12 години со носталгија се сеќаваат сите фудбалски фанатици.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сега човекот кој го доведе во Милан од Сао Паоло, за само 6.8 милиони евра, Ариедо Браида зборуваше за Кака и очекувањата, но и откри интересни детали од минатото.

„Повеќе го гледам како некој кој ќе работи во клубот, но не како тренер. Имам посебен однос со него и можам да кажам дека е навистина ителегентно момче. Горд сум што го доведов и тоа за многу мала сума. Го следевме, имаше некои проблеми кои ги искористивме и добивме фантастичен фудбалер“.

Браида откри и дека Кака можел да стане првиот фудбалер кој ја надминал границата од 100 милиони евра.

„Вистина е се беше договорено со Сити, кој тогаш понуди рекордни 105 милиони евра. Но Кака го одби тој трансфер, а после четири месеци премина во Реал Мадрид. Тој во тие моменти можеше да биде најскапиот фудбалер во историјата“, потврди Браида.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…