Легендата на Бразил и Милан, легендарниот Рикардо Кака зборуваше за Рафаел Леао кој се поврзува со заминување од Милан.
Токму во последниот ден од зимскиот преоден рок беше објавено дека Леао ги прекинал преговорите со Милан за нов договор и тоа секако е аларм за заинтересираните гиганти да се вклучуват во трката за неговиот потпис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кака смета дека ако Леао сака да го напушти Милан сега е вистинско време.
„Зборуваме за фантастичен играч, Леао многу ми се допаѓа. Ако на италијанскиот фудбал гледа како на отскокчна даска во кариерата сега треба да си замине.
Според мене сега е вистинскиот момент за таков трансфер. Но, јас мислам дека треба да остане затоа што на италијанскиот фудбал не гледам како отскочна даска. Заминување од Милан некогаш не е добра идеја“, изјави Кака.
И кога Кака вели дека некогаш не е добро да се напушти Милан треба да му се верува затоа што тој најдобро знае како помина кога по освојувањето на Златната топка во Милан направи трансфер во Реал (2009 година) каде што не се прослави.