Дома Фудбал Останато Рикардо Кака ќе се проба во нов спорт!

Рикардо Кака ќе се проба во нов спорт!

Поранешниот најдобар фудбалер на светот Рикардо Кака во недела ќе трча во Берлин на својот прв маратон во животот.

Кака играше за Сао Паоло, Милан и Реал Мадрид, а истакна дека борбата со коронавирусот го инспирирала да трча маратон.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Татко ми 45 дена беше во болница. За среќа денес е со нас. Многу сум возбуден како спортист аматер, можам да трчам и да бидам на ист поле како и професионалците. Тоа е нешто што е навистина посебно во маратоните.

Откри и на какво време се надева.

„Сакам да го истрчам за околу три часа и 40 минути, ако се чувствувам добро ќе можам и со подобро време“, изјави Кака.

Во дресот на репрезентацијата на Бразил Кака ја освои титулата светски шампион во 2022 година додека со Милан беше победник во Лигата на шампионите во 2007 гоидина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати дресовите на Србија, Швјацарија, Чешка, Австрија и Исланд за Европското првенство

Репрезентацијата на Србија успеа да се избори за пласман на Европското првенство кое летов…