Дома Фудбал Лига на шампиони Oфицијално: УЕФА го објави распоредот – еве кога почнува и кога завршува новата сезона во ЛШ!

Oфицијално: УЕФА го објави распоредот – еве кога почнува и кога завршува новата сезона во ЛШ!

УЕФА денес го потврди датумот за почетокот и крајот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Поради пандемијата со Ковид-19 оваа сезона во најелитното европско натпреварување ќе потрае нешто подолго, поточно до крајот на август, па поради тоа мораше да се помести и почетокот на наредната.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Денес УЕФА објави дека групната фаза во сезоната 2020/2021 ќе почне на 20. октомври и ќе трае до 9. декември кога ќе биде играно шестото коло. Кога во прашање е нокаут фазата таа ќе започне од 16. февруари, а финалето е закажано за 29. мај во Инстанбул.

КОМПЛЕТНИОТ РАСПОРЕД:

Прво коло – октомври 20/21, 2020

Второ коло – октомври 27/28, 2020

Трето коло – ноември 3/4, 2020

Четврто коло – ноември 24/25, 2020

Петто коло – декември, 1/2, 2020

Шесто коло – декември 8/9, 2020

Осминафинале – први натпревари: февруари 16/17 и 23/24, 2021. Реванши: март 9/10 и 16/17, 2021

Четвртфинале – први натпревари април 6/7, 2021, Реванши: Април 13/14, 2021

Полуфинале – први натпревари: април 27/28, 2021 Реванши: Мај 4/5, 2021

Финале – мај 29, 2021

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…