Дома Фудбал Репрезентации Oфицијално: Репрезентациите на Светското првенство во Катар ќе имаат по 26 играчи

Oфицијално: Репрезентациите на Светското првенство во Катар ќе имаат по 26 играчи

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одобри учесниците на Светското првенство во Катар да имаат на располагање 26 играчи.

На сите репрезентации кои ќе се натпреваруваат на Светското првенство во Катар годинава ќе им биде дозволено да однесат 26 играчи на завршниот турнир, потврди ФИФА. Тоа е три играчи повеќе од претходното Светско првенство во Русија во 2018 година.

Исто така, селекторите ќе можат да искористат и до пет замени во текот на натпреварот, две повеќе од досега.

Пет измени станаа пракса како последица на КОВИД, додека главна причина за зголемениот број на играчи е фактот што ова ќе биде прво зимско Светско првенство, односно ќе се игра во ноември и декември, во екот на сезона кога играчите ќе треба да си заминат на еден месец, а потоа да се вратат на обврските во националните првенства.

Светското првенство во Катар се игра од 21 ноември до 18 декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бразилски новинар го критикуваше Жесус: Португеса е поголем клуб од Арсенал!

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус пред неколку дена официјално беше претставен како ново з…