Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити и ќе биде во клубот до летото 2023 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако се шпекулираше дека Гвардиола би можел да го напушти Сити тоа не се случи. Пеп потпиша нов договор со „граѓаните“, а шпанскиот новинар и автор на биографијата на Гвардиола, Гилијам Балаг откри зошто Гвардиола во 2016 го напушти Баерн.
„Тој во Сити се чувствува добро, опкружен е со луѓе во кои верува. Ги контролира спортските одлуки и среќен е што не излегуваат работи од соблекувалната, а такви работи му се случуваа во Баерн и Барселона“.
„После секој натпревар на Баерн мораше да им објаснува на шефовите како екипата играла и зошто одлучил да игра на таков начин. Поради тоа неколку месеци претходно се знаеше дека нема да остане во Баерн“, изјави шпанскиот новинар.