Дома Останати Кошарка Oдлична вест за Србија: Никола Јокиќ ќе игра на Евробаскетот!

Oдлична вест за Србија: Никола Јокиќ ќе игра на Евробаскетот!

После неколку недели шпекулации конечно се огласи и Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Никола Јокиќ ќе игра за Србија на претстојниот Евробаскет.

„Редовно разговараме со сите кандидати, ја следиме нивната форма како и различните ситуации во кои се наоѓаат на крајот од една многу напорна клупска сезона. Ситуацијата е особено сложена во однос на првите два натпревари кои не очекуваат, против Летонија и Белгија. и многу е важно разбирање и трпение.

Она што е сигурно е дека НБА играчите имаат ограничување на максималниот број денови што можат да ги поминат со репрезентација во едно лето. Никола Јокиќ ќе биде со репрезентацијата од првиот ден кога ќе има дозвола според правилата во НБА“.

Неизвесен за настап е Бојан Богдановиќ поради повреда.

„Неговата здравствена ситуација бара трпение за да се врати во најдобра форма, а кога ќе биде тоа не е сигурно. Проценките во овој момент можат да бидат само приближни. ние сме во редовен контакт, ги следиме и разговараме за плановите и заедничките цели“, изјави директорот на репрезентацијата, Драган Тарлиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонецот Рајковиќ промовиран во ЦСКА: Ова е награда за се што сум постигнал досега

Mакедонскиот стратег Емил Рајковиќ беше промовиран како нов тренер на осумкратниот европск…