Дома Фудбал Останато Oва е страшно: Клуб лажираше смрт на свој играч за да одложи натпревар?!

Oва е страшно: Клуб лажираше смрт на свој играч за да одложи натпревар?!

Кога ќе помислиме дека во фудбалот повеќе ништо не може да не изненади, се случува нешто неверојатно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ирскиот нисколигаш Балибрак игра во седмиот ранг во оваа земја, а нивниот натпревар против ривалот Аркловом беше одложен поради наводната смрт на нивниот играч Фернандо Нуно Ла Фуенте.

И додека Сојузот и клубовите по ред изразуваа сочуство кон клубот и семејството на играчот преку друштвените мрежи дојде до пресврт. Ла Фуенте бил жив, неговата смрт била лажирана очигледно за натпреварот да биде одложен.

„Лигата сака да дознае како информацијата за смртта на Фернандо Нуно Ла Фуенте излезе во јавноста непотврдена. Лигата постапи со добра намера, мило ни е што слушаме дека Ла Фуенте жив и здрав, а сега се наоѓа во Шпанија. Лигата ќе соработува со сите релевантни агенции во истражувањето на овој случај“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар го доби терминот за дуелот против Купс во ЛШ

Вардар го одбројува времето до европскиот старт во новата сезона, а веќе е потврден и терм…