Дома Фудбал Нови информации од Италија: Фудбалерот кој колабираше е во подобра состојба

Нови информации од Италија: Фудбалерот кој колабираше е во подобра состојба

Натпреварот од 14. коло во Серија А помеѓу Фиорентина и Интер беше прекинат во 17. минута откако колабираше домашниот фудбалер Едоардо Бове, а неговата состојба според новите информации е стабилна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бове е буден, свесен и дише. Со возило на брза помош е пренесен во болница“, велат извори од Италија.

Играчот од средниот ред на домашната екипа се наведна да ги врзе копачките, а откако стана, му се слоши и се сруши на теренот.

Фудбалерите веднаш реагираа и го повикаа медицинскиот персонал, а беше изграден и „ѕид“ за да не се открие целосно состојбата.

Натпреварот беше целосно прекинат, а новиот датум ќе биде објавен подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал на турнирот? ФИФА ја укина суспензијата на американскиот напаѓач (Видео)

Напаѓачот на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави Фоларин Балогун ќе биде до…