Дома Фудбал Нови информации од Италија: Фудбалерот кој колабираше е во подобра состојба

Нови информации од Италија: Фудбалерот кој колабираше е во подобра состојба

Натпреварот од 14. коло во Серија А помеѓу Фиорентина и Интер беше прекинат во 17. минута откако колабираше домашниот фудбалер Едоардо Бове, а неговата состојба според новите информации е стабилна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бове е буден, свесен и дише. Со возило на брза помош е пренесен во болница“, велат извори од Италија.

Играчот од средниот ред на домашната екипа се наведна да ги врзе копачките, а откако стана, му се слоши и се сруши на теренот.

Фудбалерите веднаш реагираа и го повикаа медицинскиот персонал, а беше изграден и „ѕид“ за да не се открие целосно состојбата.

Натпреварот беше целосно прекинат, а новиот датум ќе биде објавен подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Парагвај искрено: Го гаѓав Мбапе затоа што не му пружи рака (Видео)

Иако селекцијата на Јужна Америка успеа да ја изненади Германија со својата цврста игра ко…