Дома Моторспорт Нова надеж: Шумахер покажа позитивен знак на подобрување на здравјето првпат по десет години

Нова надеж: Шумахер покажа позитивен знак на подобрување на здравјето првпат по десет години

Михаел Шумахер, седумкратен светски шампион во Формула 1, повеќе од десет години живее надвор од јавната сцена поради тешката несреќа на скијање во 2013 година во францускиот Мерибел. Неговата здравствена состојба се уште е покриена од очите на јавноста, но легендата на Формула 1 не може да зборува, а нема ни потврда дека може да оди.

Како што пишува Daily Mail, францускиот новинар на L’Equipe, Стефан Л’Ермит, откри за RTL дека се појавил „позитивен сигнал“. Имено, Шумахер претходно оваа година потпишал кацига за добротворен настан, и тоа со помош на сопругата Корина. „Не знаеме дали му ја држела раката, но тоа е првпат по долго време да се појави конкретна трага од неговото учество,“ изјави Л’Ермит.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


И покрај тој симболичен чин, Шумахер и понатаму бара постојана нега и е способен да комуницира само ограничено. „Ситуацијата е многу тажна. Целосно е зависен од неговите негуватели, а само блиските членови на семејството имаат пристап,“ изјави германскиот новинар Феликс Горнер.

Шумахер, еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1, освои седум титули шампион и забележа 91 победа во кариерата која ги одбележа цела една ера на автоспортот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Доминација на Бецеки во Тајланд, Дукати остана без подиум по 1.798 дена

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на Големата награда на Тајланд, со која започна …