Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс ова лето на големо се поврзуваше со заминување од редовите на клубот од Баскија, но на крајот избра да остане.
Најблиску до неговиот потпис беше Барселона, меѓутоа каталонците не успеаа да го доведат.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Сега во трката за неговиот потпис се приклучи Манчестер Сити, кој е спремен да го „украде“ пред носот на Барселона.
Гвардиола сака да го засили нападот следното лето и верува дека Вилијамс иделално ќе се вклупи во неговиот стил на игра.
„Граѓаните“ веќе почнале да преговараат со неговиот агент и се спремни да ја платат откупната клаузула од 65 милиони евра, но трансферот би требало да се реализира на лето.