Дома Фудбал Нејмар ги „ограби“ Саудијците, но Сантос има генијален план за неговата плата!

Нејмар ги „ограби“ Саудијците, но Сантос има генијален план за неговата плата!

Нејмар, по нешто помалку од две години, реши да го напушти Ал Хилал каде што беше повеќе повреден отколку што играше. Во Саудиска Арабија заработи многу пари и одлучи да се врати во Сантос, каде што смислија одличен план за неговата плата.

Сантос и Нејмар преговараа веќе неколку недели и постигнаа договор за повеќегодишна соработка. Нејмар сака да се врати дома и му беше јасно дека нема да добие ни приближно исто толку пари како што имаше во Ал Хилал, но сепак неговата заработка повторно ќе биде огромна.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Според бразилските медиуми, Нејмар месечно од Сантос ќе добива 163.000 евра, а останатиот дел од платата клубот го покри на генијален начин.

Неговиот износ повторно ќе биде скоро милионски бидејќи Сантос се согласи 90% од заработката од маркетингот да оди кај Нејмар. На овој начин ќе покријат голем дел од платата бидејќи се очекува дека Нејмар дополнително месечно ќе добива околу 800.000 евра, што навистина е импресивно.

Дека тоа беше одличен потег покажува фактот дека Сантос доби во еден ден дури 9.000 нови членови чие членство месечно изнесува околу 100 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аканжи: Не се плашиме ни од Реал, ни од Баерн

Манчестер Сити едвај во последното коло успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата во Лига…