Дома Останати Кошарка Неверојатен трипл-дабл на Јокиќ. Пред него останува само еден

Неверојатен трипл-дабл на Јокиќ. Пред него останува само еден

НИКОЛА ЈОКИЌ продолжи со извонредна форма при домашната победа на Денвер Нагетс против Јута Џаз со резултат од 135:112. И покрај фактот што играше помалку од 29 минути и беше само шести поениер во својот тим, тој оствари фантастичен учинок. Јокиќ забележи 14 поени и по 13 скока и асистенции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трипл-даблот го постигна уште пет минути по почетокот на третата четвртина, и тоа за само нешто повеќе од 20 минути игра. Кратко откако го оствари својот 14-ти трипл-дабл оваа сезона, Јокиќ седна на клупата и остана таму до крајот на натпреварот. Тој шутна седум пати, при што беше прецизен пет пати. Своиоте достигнувања ги надополни со две украдени топки и три блокади.

Ова му е вкупно 179. натпревар со трипл-дабл откако пред десет години зачекори во НБА. Повеќе вакви игри од него во историјата на најсилната лига имаат само Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (207).

Прашање на денови е кога Јокиќ ќе го надмине Робертсон, а потоа ќе остане само Вестбрук. Ни тој не е недостижен за Јокиќ, бидејќи Србинот (30) е седум години помлад од Американецот кој е на самракот на својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…