Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде тема во јавноста.
Бразилецот и го напушти клубот од Париз пред 18 месеци, меѓутоа и понатаму се појавуваат детали од неговиот договор. Сега се појави информација за клазула која звучи навистина смешно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Информацијата ја откри поранешниот фудбалер на Кристал Палас, Луис Бајрон.
„Најлудото нешто за кое што сум слушнал е клазулата на Нејмар во ПСЖ. На курсот за тренери запонав еден член од стручниот штаб на ПСЖ, нема да го откријам неговото име, но тој ми кажа дека Нејмар добивал бонус од 200.000 евра секогаш кога одел по натпреварот да им аплаудира на навивачите“, изјави Бајрон.
Ќе потсетиме, ПСЖ за Нејмар на Барселона и плати сума од 222 милиони евра и тој се уште е најскап трансфер во историјата на фудбалот.