Дома Фудбал Георг Стојановски заминува од Спартак, може да се пресели во Катар!

Георг Стојановски заминува од Спартак, може да се пресели во Катар!

Македонскиот напаѓач Георг Стојановски е на чекор до заминување од бугарски Спартак Варна, откако претседателот на клубот Алекс Илиев потврди дека се водат завршни преговори за негов трансфер во странство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стојановски одлично ја отвори новата сезона со два гола на првите два натпревари, а во минатото првенство постигна 10 погодоци на 29 настапи, со што го привлече интересот на повеќе клубови.

„Во моментов сме во завршни преговори со странски клуб. Процесот трае подолго време бидејќи сакаме да ги заштитиме интересите на Спартак, но и да ја испочитуваме желбата на фудбалерот. Не е лесно да се најде вистинската рамнотежа, но верувам дека сме блиску до договор кој ќе биде добар и за двете страни“, изјави Илиев.

Иако не откри за кој клуб станува збор, дел од бугарските медиуми објавуваат дека следната дестинација на македонскиот фудбалер најверојатно ќе биде Катар.

Стојановски е внук на македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски, кој до неодамна беше тренер на Спартак Варна, но вчера и официјално беше потврдено неговото заминување од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ултиматум: Челси му даде рок на Манчестер Сити за Енцо Фернандез!

Фудбалскиот клуб Челси го постави конечниот рок за трансферот на Енцо Фернандез во Манчест…