Дома Фудбал Некогаш незаменлив, денес вишок: Камерун се откажа од Онана

Некогаш незаменлив, денес вишок: Камерун се откажа од Онана

Андре Онана долго време беше симбол на камерунската репрезентација – голман кој уште од 2015 година го бранеше голот без сериозна конкуренција, се докажа во Ајакс, заблеска во Интер и стана еден од најбараните голмани во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, денес, на своите 29 години, се соочува со реалноста дека неговата репрезентација веќе не го смета за дел од плановите.

Селекторот на Камерун донесе изненадувачка одлука да го изостави Онана од списоците за претстојниот Африкански куп на нациите. Ваквата вест предизвика бурни реакции, бидејќи станува збор за играч кој има над 50 настапи за својата земја и се наоѓа во најдобрите години за еден голман.

Иако неговата форма не е на високо ниво како што беше во Ајакс или Интер, малкумина африкански голмани можат да се пофалат со искуството и квалитетите што ги поседува Онана. Сепак, пораката е јасна: Камерун продолжува без него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …