Дома Фудбал Не е среќата во парите: Ѕвезда дава сè за да се врати во Барселона од С. Арабија

Не е среќата во парите: Ѕвезда дава сè за да се врати во Барселона од С. Арабија

Саудиска Арабија стана оаза за фудбалерите кои сакаат да заработат уште повеќе пари, но некои таму и не заминаа баш со радост. Еден таков сега сака да се врати во Европа, конкретно во Барселона.

Минатото лето, Манчестер Сити го продаде Жоао Кансело во Саудиска Арабија за 25 милиони евра, и тоа во Ал Хилал.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пред да замине во Саудиска Арабија, Жоао Кансело една сезона играше на позајмица во Барселона.

Во редовите на каталонскиот клуб играше добро и редовно, и се чувствуваше многу добро и не му беше баш мило да се раздели од овој клуб.

Половина година по тоа што речиси присилно ги напушти редовите на Барселона, Жоао Кансело со сето срце сака да се врати на Камп Ноу.

Барселона и Манчестер Сити летово не успеаја да се договорат околу конечниот трансфер на Португалецот, па заврши во Саудиска Арабија.

Сега, угледниот шпански медиум „Спорт“ пренесува дека Жоао Кансело е подготвен да направи сè што е во негова моќ за во блиска иднина да се врати во редовите на шпанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн веќе донесе одлука, Џексон може да резервира повратен билет

Иако не е ниту крај на октомври, Баерн Минхен сфати дека Николас Џексон не е паметна инвес…