Дома Фудбал Нејмар за враќањето во Сантос: Како времето да се вратило назад

Нејмар за враќањето во Сантос: Како времето да се вратило назад

Прашање на време е кога ќе се официјализира враќањето на Нејмар во Сантос, а самиот играч кој неодамна го раскина договорот со Ал Хилал откри дека тоа може да се очекува наскоро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар во последните месеци не крие дека сака да се врати во Сантос. Бразилецот објави интересно видео кое е краток преглед на неговата кариера, заедно со бело-црното срце и бразилското знаме. Во него тој откри дека ќе потпише договор со Сантос.

„Се чувствувам како времето да се вратило назад. Овде сум со пријателите и семејството, кои веќе ја знаат мојата одлука да потпишам за Сантос, исполнувајќи ја мојата голема желба.

Поминаа повеќе од 12 години откако го напуштив тоа место, а изгледа како да беше вчера. Моите чувства кон клубот и навивачите никогаш не се сменија“, рече меѓу другото Нејмар во видео пораката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд откри кога ќе биде јасна неговата иднина

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд откри кога ќе донесе одлука во врска со неговата иднина …