Дома Фудбал Напаѓачот од 95 милиони евра е блиску до позајмица

Напаѓачот од 95 милиони евра е блиску до позајмица

Во летото 2023 година, Рандал Коло Муани беше најбараниот напаѓач во Европа заедно со Гонкало Рамос од Бенфика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Муани играше за Ајнтрахт од Франкфурт и се истакна во Бундеслигата, а потоа во септември дојде огромен трансфер во ПСЖ.

Парижаните тогаш на германскиот клуб му платија отштета од 95 милиони евра, а Муани доби петгодишен договор со годишна плата од десет милиони евра по сезона.

Денеска, само 16 месеци подоцна, Муани е на излезната врата од ПСЖ, кој претходно му порача слободно да си бара нов клуб.

Од доаѓањето во ПСЖ, Французинот одигра 54 настапи на кои постигна 11 гола, што е очигледно учинок што челниците на францускиот шампион го сметаат за недоволно добар.

Англискиот портал Goal.com пишува дека фаворит за негово доведување е Тотенхем кој има проблеми со напаѓачката позиција поради повредата на Бразилецот Ричарлисон и лошата форма на Германецот ​​Вернер.

Постои и опција Коло Муани да им се приклучи на Спарс на позајмица со право на откуп. Фабрицио Романо додава дека за него се заинтересирани и Јувентус, Монако и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…