Дома Трансфер зона Мурињо го носи Жоао Феликс во Фенербахче

Мурињо го носи Жоао Феликс во Фенербахче

Напаѓачот на Челзи, Жоао Феликс би можел кариерата да ја продолжи во Турција. Португалскиот интернационалец е трансфер цел на Фенербахче.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според „Фотомах“, Жозе Мурињо лично побарал од претседателот на клубот Али Коч да го привлече неговиот сонародник.

Мурињо разговарал со Феликс за да го убеди дека преселбата во Турција нема да биде чекор наназад во неговата кариера. Идејата е напаѓачот да пристигне во тимот на позајмица, но со опција за откуп.

Португалецот е резерва во составот на Енцо Мареска, од почетокот на сезоната одигра 9 натпревари во Премиер лигата, но само двапати стартуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…