Дома Фудбал Мурињо за Роналдо: Ваквите вести се смешни

Мурињо за Роналдо: Ваквите вести се смешни

Светските медиуми неодамна објавија дека Кристијано Роналдо би можел да ја напушти Саудиска Арабија и да замине кај својот поранешен тренер.

Медиумите пишуваа дека Жозе Мурињо го контактирал Кристијано Роналдо и го прашал дали ќе му се придружи во Фенербахче по истекот на договорот со Ал Наср.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Но, Мурињо негираше.

„Вестите за Кристијано Роналдо и Фенербахче се смешни. Кристијано може да дојде во Истанбул на ручек бидејќи е на половина пат помеѓу Саудиска Арабија и Португалија. А можеби ќе дојде да го види својот стар пријател Хозе. Ќе јадеме во мојот хотел“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…