Дома Фудбал Младата ѕвезда на Јунајтед оди во Италија за 50 милиони евра?

Младата ѕвезда на Јунајтед оди во Италија за 50 милиони евра?

Кварацхелија (23) е се поблиску до заминување од Наполи. Фабрицио Романо пред неколку дена откри дека Пари Сен Жермен се обидува да го ангажира Грузиецот и дека Наполи е отворен за продажба за 80 милиони евра.

Се пишуваше и дека ПСЖ не планира да плати толку голема сума и дека Французите се обиделе во зделката да го вклучат и Милан Шкринијар, кој не е во плановите на Луис Енрике.

Понатамошни извештаи од Италија и Англија велат дека се заинтересирани и клубови како Ливерпул и Челзи, но истакнуваат дека ПСЖ е фаворит за неговиот потпис. Потврдено е и дека Кварацхелија ги договорил личните услови со парижаните, па остана само договор меѓу клубовите за комплетирање на зделката.

На Наполи ќе му биде потребна алтернатива на левото крило, а според Спорт Италија ја нашле во Алехандро Гарначо, 20-годишниот Аргентинец и член на Манчестер Јунајтед. Гарначо стана се поважен член на тимот на Црвените Ѓаволи во текот на изминатата сезона. Минатата сезона имаше 10 гола и пет асистенции, а оваа сезона има учинок од осум гола и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eден Шпанец би можел да ја напушти Барса во јануари

Алехандро Балде ја искористи националната пауза за натпревари за да се консултира со својо…