Македонскиот репрезнетативец Бојан Миовски во последно време игра одлично во дресот на Џирона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговата извонредна форма во шпанската Ла Лига резултираше уште со едно големо признание – избор во идеалниот тим на месецот за ноември.
Помеѓу најдобрите 11 Миовски доби место најмногу поради неговиот настап против Еспањол во кој постигна два гола и запиша една асистенција во победата од 4-1.
Во нападот, Миовски го дели местото со хрватскиот напаѓач Анте Будимир од Осасуна, додека средниот ред го предводат две од најголемите имиња на Барселона, Дани Олмо и Рафиња.
🇪🇸 La Liga Team of the Month pic.twitter.com/3ORNfiEQbE
— WhoScored.com (@WhoScored) December 2, 2024