Поранешниот фудбалер Предраг Мијатовиќ зборуваше за шпанските медиуми за актуелната ситуација во Реал Мадрид.
„Кралскиот“ клуб доживеа дебакл во Суперкупот на Шпанија, Барселона му даде девет гола на Реал во последните две средби, па почна да излегуваат проблемите на виделина.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Мијатовиќ е сигурен дека на Реал му е потребно засилување, особено на позициите на бековите.
„Да сум јас спортски директор на Реал Мадрид, би ги засилил позициите на бековите. Реал Мадрид во историјата секогаш имал најдобри бекови, речиси во секоја деценија. Не смееме да заборавиме дека некогаш имавме Роберто Карлос, Пануќи, подоцна Карвахал, Марсело. Реал Мадрид отсекогаш имал бекови кои прават разлика на теренот”, рече Мијатовиќ.
Поранешниот спортски директор на Реал, а сегашен претседател на Партизан, смета дека на Реал му е потребна и соодветна замена за Лука Модриќ и Тони Крос, но дека тоа не е лесно да се најде.
„На таа позиција Реал има неколку квалитетни опции, но веќе сме навикнати на Крос и Модриќ и сега е потребен класичен креативен играч за врска. Некој нов Крос или Модриќ, но тоа сега е многу тешко да се најде“, нагласи Предраг Мијатовиќ и продолжи:
„Од друга страна, свесен сум дека сите зборуваат за засилувања, но во јануари тоа е многу тешко да се направи. Секако, на Реал му е потребен и уште еден централен бек. Чуамени не ме убеди на ниту една позиција, дури ни во средниот ред. Тој дојде од Франција, каде што играше на завидно ниво, но Реал Мадрид беше преголем залак за него“, истакна Мијатовиќ.
И покрај сите проблеми, Мијатовиќ смета дека Перез мора да го задржи Карло Анчелоти барем до крајот на сезоната.