
КИЛИЈАН МБАПЕ е неизвесен за настап во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Атлетико и Реал.
Реал ќе ја брани предноста од 2:1 од првиот натпревар на гостување кај градскиот ривал, но можно е тоа да го направат без својот најдобар стрелец.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Мбапе за време на натпреварот со Рајо Ваљекано овој викенд, се здоби со удар во зглобот, и денеска ќе помине тестирања за да се утврди дали ќе може да игра против Атлетико. Поради споменатите проблеми со зглобот, Мбапе во понеделникот воопшто не тренираше, додека во вторникот работеше според индивидуална програма.
Мбапе игра одлична дебитантска сезона за Реал Мадрид. Дури е март, а Французинот веќе постигна 29 голови во 42 натпревари и е најдобар стрелец на мадридскиот клуб. Мбапе е исто така на добар пат да стане рекордер на Реал по број на погодоци во дебитантска сезона, бидејќи тековниот рекордер е Иван Заморано кој постигна 37 гола во својата прва сезона.