Познатиот новинар на „Билд“ Кристијан Флик пишува дека Манчестер Јунајтед започнал преговори со играчот на Милан, Хакан Чалханоглу.
Чалханоглу е играч кој може да покрие неколку позици на теренот и Солскјер смета дека би бил добредојден во неговиот тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На крајот на оваа сезона Чалханоглу ќе биде слободен агент, а преговори за нов договор со Милан се уште нема затоа и заинтересираните клубови како што е Манчестер Јунајтед ја следат ситуацијата. Ако Чалханоглу не се реши да остане во Милан тогаш со новиот клуб ќе може да потпише преддоговор веќе во јануари.
„Манчестер Јунајтед во сериозни преговори со Хакан Чалханоглу. Неговиот договор со Милан е до ова лето, тој одби понуда од Јувентус. Јунајтед нема намера да плати за него во јануари затоа што договорот му завршува во 2021 година“, пишува Фалк.
Оваа вест е малку чудна затоа што Јунајтед во средината ги има Бруно Фернандеш, Пол Погба, Дони Ван Де Бек...