Фудбалската репрезентација на Македонија составена од прволигашки играчи, освени неколкумина веќе во Абу Даби.
Селекцијата во која најголем дел се играчи од прволигашките тимови во Македонија в сабота ќе игра натпревар против Саудиска Арабија за која ова ќе биде подготовка за Светското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шанса од Милевски на овој натпревар очекува да добие младинскиот репрезентативец на Македонија, Методи Максимов.
„Ги започнуваме подготовките во Абу Даби, се спремаме за Саудиска Арабија која е силна репрезентација и добар тест за да нас да докажеме дека вредиме и дека селекторот може да смета на нас. Во сабота ќе дадеме максимум за да покажеме колку вредиме“, изјави Максимов.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА:
Голмани: Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Костадин ЗАХОВ (Шкендија), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);
Одбрана: Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифаг, Саудиска Арабија), Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Марио МЛАДЕНОВСКИ (Шкупи), Кристијан ТОШЕВСКИ (Тирана, Албанија), Бојан ИЛИЕВСКИ (Македонија Ѓ.П.), Зија МЕРЏАНИ (Струга Трим Љум), Владица БРДАРОВСКИ (Шкупи);
Среден ред: Иван НИКОЛОВ (Брегалница), Адем АЛИ (Шкупи), Ферхан ХАСАНИ (Шкендија), Бунјамин ШАБАНИ (Струга Трим Љум), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);
Напад: Бесарт ИБРАИМИ (Струга Трим Љум), Влатко СТОЈАНОВСКИ (Шкендија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Шкупи), Методија МАКСИМОВ (Работнички).