Денес е објавено дека Македонија ќе биде домаќин на одбојкарскиот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во 2021 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Европската одбојкарска федерација претходно поради пандемијата со коронавирусот го смени системот на квалификации и место секој со секого дома-гости во јануари ќе се играат два квалификациски турнири. Првиот ќе се игра од 7. до 10. јануари во Данска, а вториот од од 14. до 17. јануари во Македонија.
Ние сме во група со Данска, Турција и Босна и Херцеговина. На Европското првенство место обезбедуваат сите првопласираните и најдобрите пет втори селекции.
Ќе потсетиме минатата година Македонија дебитираше на едно ЕП и во групите остваривме учинок од две победи во пет натпревари.
