Дома Фудбал Манчестер Јунајтед подготвува прво засилување за Керик

Манчестер Јунајтед подготвува прво засилување за Керик

Манчестер Јунајтед многу брзо би можел да го реализира првиот трансфер по промените на клупата, а фокусот е ставен на засилување на средниот ред веќе во јануарскиот трансфер период.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според извештаите на угледни медиуми (ESPN и The Guardian), управата на клубот сака брзо да реагира и да му даде поддршка на Мајкл Керик, кој е именуван за привремен тренер до крајот на сезоната.

Првото име на листата на желби е португалскиот репрезентативец Рубен Невес, искусниот среден ред играч кој веќе со години е на радарот на најголемите европски клубови.

Невес моментално игра за саудискиот Ал Хилал, каде што стигна како едно од звучните засилувања, но изгледа дека клубот е подготвен за преговори.

Извори наведуваат дека саудиската страна би била отворена за трансфер вреден околу 20 милиони фунти, што Манчестер Јунајтед го гледа како поволна можност на пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова ера на „Енфилд“: Ливерпул подготви 120 милиони евра за првото засилување

Андони Ираола го презема кормилото на поранешниот шампион Ливерпул, а раководството на тим…