Дома Фудбал Манчестер Јунајтед донесе млад талент од Серија А за 38 милиони евра

Манчестер Јунајтед донесе млад талент од Серија А за 38 милиони евра

Талентираниот 20-годишен дански фудбалски репрезентативец Патрик Доргу го напушта Лече и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, објавија италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанскиот прволигаш кој е во зоната за испаѓање ја одби првичната понуда на Јунајтед вредна 30 милиони евра. Сепак, на клубот од „Олд Трафорд“ му треба веднаш засилување бидејќи се наоѓа во незавидна ситуација.

„Црвените ѓаволи“ се на 12. место во Премиер лигата, што е голема разлика во бодови во однос на екипите кои ги држат позициите кои водат во Лигата на шампионите следната сезона. На крајот договорено е обештетување во висина од 38 милиони евра.

Се очекува Доргу денеска да отпатува за Манчестер на медицински прегледи и потпишување договор. Може да игра на неколку позиции, има искуство со играње на лев бек, во средниот ред и на десно крило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем завршува совршено лето, уште еден Бразилец за разорниот тим на Де Зерби!

Никој не е толку активен на почетокот од летото како – Тотенхем, бидејќи следната ре…