Дома Фудбал Останато Maнчестер Јунајтед победнички ги започна припремите во Австралија (ВИДЕО)

Maнчестер Јунајтед победнички ги започна припремите во Австралија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денес со 2:0 го совладаа австралискиот Перт Глори во пријателски натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот клуб веќе неколку дена се наоѓа на припреми во Австралија, а денес го одиграа првиот пријателски натпревар. Солскјер им даде шанса на сите играчи.

Во првото полувреме видовме неколку одлични прилики на двете страни но резултатот не се менуваше.

На полувремето Солскјер комплетно го промени тимот. Јунајтед успеа да дојде до предност од 1:0 во 60-тата минута кога гол постигна Маркус Рашфорд.

Конечните 2:0 ги постави Џејмс Гарнер кој во игра влезе во 83-тата минута и мрежата ја погоди на Перт ја погоди само две минути подоцна.

https://www.youtube.com/watch?v=BPMX-ftBkY4

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…