Дома Македонски спорт Maкедонски репрезентативец за една година настапил за три репрезентации!

Maкедонски репрезентативец за една година настапил за три репрезентации!

Шабан Зенку е млад фудбалер кој се развива во младинските категории на Борусија Дортмунд, а неодамна настапи за македонската репрезентација до 19 години и постигна гол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Посебно кај Зенку е што за само една година тој успеа да смени дури три репрезентации. Покрај настапиот за Македонија момчето родено 2004 година зад себе годинава има настапи за уште две селекции и тоа Албанија и Косово.

Зенку настапи во селекциите на овие две земји до 18 години. Прво заигра за селекцијата на Косово, потоа Албанија, па Македонија.

Сите натпревари одиграни во трите селекции за Зенку беа од пријателски карактер и засега се уште има можност да избере за кој репрезентација и дефинитивно ќе има право да настапува во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…