Дома Фудбал Останато Maкедонец фаворит да стане селектор на светските шампионки во фудбал!

Maкедонец фаворит да стане селектор на светските шампионки во фудбал!

0

Селекцијата на САД која неодамна стана светски шампион во женска конкуренција наскоро за селектор се очекува да добие Македонец.

Фудбалерките на САД на Светското првенство беа предводени од Џил Елис, но таа ја напушти селекторската функција после освојувањето на светската титула.

Сега главен кандидат за селектор на САД е Влатко Андоновски.

Според она што се пишува во медиумите во САД Андоновски е главен фаворит да седне на кормилото. Уште две имиња се во игра, Ерика Волш од Универзитетот Пен Стејт и Лора Харви од Јута Ројалс.

Андоновски изјави дека е среќен што го споменуваат како можен кандидат за селектор.

„Кој не би бил заинтересиран да го води најдобриот тим во светот? Почестен сум што ме споменуваат како еден од кандидатите. Сепак, јас засега сум фокусиран на мојот тим“, изјави Андовоски за медиумите во САД.

Во овој момент Андоновски е селектор на Реин Такома Вашингтон.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ракитиќ се огласи после одењето пеш од аеродромот до дома (фото)

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се најде во голем проблем по враќањето во Барселон…