Дома Фудбал Лига на шампиони Mурињо: Се вративме онаму каде што припаѓаме

Mурињо: Се вративме онаму каде што припаѓаме

mourinho

Tренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, денес изјави дека неговите фудбалери се исклучително мотивирани пред почетокот на сезоната во Лигата на шампионите.

„Се вративме во Лигата на шампионите, место каде што приордно припаѓаме. Се радуваме на новиот почеток и се надевам дека „Олд Трафорд“ ќе може да ја почуствува нажата желба“, изјави Португалецот на конференцијата за новинари.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ во првото коло ќе играат против Базел во групата А каде што се наоѓаат уште Бенфика и ЦСКА Москва.

„Силни сме, играме добро и веруваме во себе, Пред нас е тежок натпревар, но имаме доволно квалитет да победиме“, процени Мурињо.

Според зборовите на Мурињо голем проблем за англиските клубови претставува тоа што играат во значително потешка лига од останатите европски клубови.

„Реал минатата сезона последниот месец во Примера настапуваше со втор тим. Поради тоа Зидан имаше можност да ги наполни батериите на најдобрите фудбалери. Јувентус, шампион на Италија беше три месеци пред финалето. Во Англија такво нешто е невозможно бидејќи натпреварувањето се игра без зимска пауза. Но, не се жалам, работите се такви какви што се“, изјави Мурињо.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Базел се игра во вторник со почеток во 20:45 часот на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Погледнете што промаши Лукаку🎥

Ромелу Лукаку како да е претплатен за големи промашувања, па и ова Европско првенство го з…