Дома Фудбал Репрезентации Mурињо не штедеше критики за Португалија – ги спомна Роналдо и Пепе!

Mурињо не штедеше критики за Португалија – ги спомна Роналдо и Пепе!

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо не криеше дека е разочаран од настапот на португалската репрезентација на Европското првенство во Германија.

Португалија забележа две победи и еден пораз во групната фаза на ЕП, а потоа во осминафиналето по подоброто изведување пенали ја совлада Словенија, додека во четвртфиналето исто така на пенали подобра од нив беше Франција.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Португалија не одигра добро, без разлика што стигна до четврт-финалето. Очекував повеќе и чувствував дека Португалија може повеќе. Квалитетот на тимот е огромен, но тоа не го видовме на ЕП“ – изјави Мурињо за Спорт ТВ.

Тој потсети дека пред почетокот на Европското првенство Португалија беше поразена од Хрватска во пријателски натпревар (1:2).

„Бев на тој натпревар. Тимот не прикажа убедлива игра, а потоа дојде моментот на вистината. Репрезентацијата сега треба да се подготвува за Мундијал, освен двајцата ветерани“,додаде Мурињо, кој, како што пренесуваат португалските медиуми, алудираше на Пепе и Кристијано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…