Франсоа Анри Пинал е еден од најбогатите Французи кој е тежок 30.6 милијарди долари, тој објави дека неговото семејство ќе донира 100 милиони евра за реновирање на катедралата во Париз, Нотр Дам .
Овој човек е поврзан и со спортот, тој е споственик на француски Рен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот татко, Франсоа Пинал во 1998 година го купил Рен. Култниот француски прволигаш со традиција од 118 години и еден од основачите на првата француска лига. Рен е еден од симболите на Бретања, а семејството Пинал го држи до корените и традицијата.
Иако Пинал откако го купи клубот веднаш започна со трошење, скапите инвестиции му беа промашени. Кога клубот го превзема неговиот син, тој го врати на корените. Вложуваше во познатата академија „Анри Гуерин“ кога важи за една од најдобрите во Европа.
Фудбалскиот клуб не беше единствената аквизиција во светот на спортот. Пред 12 години ја купи „Пума“, но ја продаде минатата година.
Под водство на Пинал помладиот на Рен му оди сосема добро. Минатата сезона овој клуб заврши како петопласиран во француската Лига 1.
Оваа сезона се изборија за финале во купот, а во Лигата на Европа стигнаа до осминафиналето. Таму беа елиминирани од Арсенал иако го победија премиерлигашот на домашен терен со 3:1. На тој натпревар присуствуваше сопственикот на клубот и неговата сопруга, славната актерка Селма Хаек.