Teo Eрнандез со одличните настапи во дресот на Милан изминатите години стана еден од најдобрите бекови на светот, па така очекувано е да го привлекува интересот на други клубови.
Според последните информации од Италија, Милан е спремен да го продаде Ернандез, меѓутоа не браза и тоа би го направил само во случај на адекватна понуда.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Новинарот Матео Морето објави дека сумата која Милан ја одредил како цена за Ернандез е помеѓу 70 и 80 милиони евра.
Интерес за Ернандез секако покажаа клубовите од Саудиска Арабија кои сакаат да ги доведат сите најдобри фудбалери кои се во можност, но исто така и клубови од Премиер лигата. Во текот на вчерашниот ден се пишуваше и дека Баерн е спремен да понуди токму 80 милиони евра за услугите на Ернандез (ТУКА).