Килијан Мбапе се уште не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата, а како што е познато најмногу се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Засега тој е насочен на предизвиците во ПСЖ, наводно тој има постигнато „џентлменски пакт“ со Ал Келаифи, меѓутоа детали знаат само тие двајца. Меѓутоа Мбапе е свесен дека нема да остане целата своја кариера во Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На оваа тема Мбапе зборуваше во интервју за магазинот „Џи Кју“ каде и што се анализираше самиот себе.
„Техниката е тука, но сметам дека треба да се подобрам во играта со лева нога и со глава, така ќе бидам уште поразновиден. Научив многу изминативе неколку години, имав можност да соработувам со шест или седум тренери и морав да се адаптирам за секој различно“, анализира младиот голгетер.
„Влегуваме во една нова ера на фудбалот, денес е нормално да има промени и јасно е дека еден ќе си заминам од ПСЖ“, изјави Мбапе.