Дома Фудбал Мбапе застана во одбрана на Јамал: Оставете го на раат, има само 18 години

Мбапе застана во одбрана на Јамал: Оставете го на раат, има само 18 години

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, застана во одбрана на тинејџерот Ламин Јамал, иако младиот играч настапува за најголемиот ривал – Барселона.

Последните денови Јамал е во фокусот на јавноста поради критики поврзани со неговиот приватен живот, а Мбапе испрати јасна порака дека ваквите теми не треба да бидат во преден план.

„Премногу се зборува за неговото приватно однесување. Станува збор за момче кое има само 18 години и нормално е да греши. Луѓето треба да му дадат простор и време да созрее“, изјави францускиот ас.

Тој додаде дека животното искуство ќе го научи Јамал што е добро, а што не за неговата кариера, но дека единствено важно е она што се гледа на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младите фудбалери ја немаат потребната тежина: Македонија надвор од 80-те на ЦИЕС

Македонија нема место меѓу 80-те земји во анализата на ЦИЕС за играчите помлади од 23 годи…