Дома Фудбал Неверојатно: Мбапе на чекор до рекорд на Роналдо

Неверојатно: Мбапе на чекор до рекорд на Роналдо

Килијан Мбапе е на чекор да сруши рекорд за кој многумина мислеа дека е несрушлив.

Ако го погледнеме бројот на голови во една календарска година за Реал Мадрид, до сега Кристијано Роналдо беше ненадминлив, но тој негов рекорд може сериозно да биде загрозен.

Рекордот на Кристијано Роналдо е од 2013 година кога постигна неверојатни 59 голови.

Колку има Мбапе?

По двата гола што ги постигна во Купот на кралот во победата против Талавера, Мбапе стигна до 58 голови во календарската година и е на чекор до Кристијано Роналдо.

До крајот на годината, Реал Мадрид игра уште еден натпревар и тоа против Севиља на 20 декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…