Дома Фудбал Поранешен фудбалер на Арсенал стана тренер во тимот на Мбапе!

Поранешен фудбалер на Арсенал стана тренер во тимот на Мбапе!

Откако му асистираше Тјери Анри во младинската репрезентација на Франција, а потоа работеше и со националниот тим на земјата до јули оваа година, Гаел Клиши повторно започнува тренерска кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот сигурен лев бек на Арсенал и Манчестер Сити ја презеде улогата на тренер во францускиот клуб Каен, кој се натпреварува во третата лига.

Неговата задача ќе биде да го воведе новиот систем, со оглед на тоа што тимот игра под очекувањата, а се планира и активен трансфер период.

Рано беа елиминирани од купот од полупрофесионалниот тим Бајо, не напредуваат како што се очекуваше и наместо да се борат за пласман во повисок ранг, се наоѓаат во средината на третолигашката табела.

Зошто се големи очекувањата? Инвестицискиот фонд на Килијан Ембапе, „Coalition Capital“, е сопственик на 80 проценти од клубот. Нивната амбиција е да создадат стабилен и успешен тим, но до сега не успеваат многу во тој предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …