Дома Фудбал Лука Дончиќ ги изненади сите во Лејкерс: Погледнете што им подари

Лука Дончиќ ги изненади сите во Лејкерс: Погледнете што им подари

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, пред почетокот на новата сезона, реши да ја подигне атмосферата во соблекувалната на Лос Анџелес Лејкерс, така што им подари нови патики на секој од соиграчите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот Лејкерс објави на официјалниот Инстаграм профил на тимот за овој гест на Дончиќ, а реакциите од навивачите беа исклучително позитивни.

Играчите, како и фановите, беа воодушевени и го нарекоа Дончиќ вистински лидер на екипата.

Новата сезона на НБА лигата започнува во ноќта меѓу вторник и среда, на 22 октомври, а првото коло го носи натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс.

Да потсетиме, Лејкерс ја завршија минатата сезона во првиот круг на плејофот, каде беа елиминирани од Минесота со резултат од 4:1 во серија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…