Дома Фудбал Ливерпул „договори“ ново засилување, но тука не застанува: Доаѓа уште едно, преговорите се речиси завршени

Ливерпул „договори“ ново засилување, но тука не застанува: Доаѓа уште едно, преговорите се речиси завршени

Ливерпул ова лето беше еден од најактивните европски клубови на трансфер пазарот, но со засилувањата нема ни оддалеку крај.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Црвените зад себе имаат една импресивна сезона во која ја освоија Премиер лигата која беше јубилејната 20. титула за нив како англиски шампиони.

Холандскиот стратег – Арне Слот може да биде многу задоволен од дебитанската сезона на клупата на Ливерпул, но оваа сезона амбициите се уште поголеми.

Покрај тоа што ќе се обидат да ја одбранат титулата во Премиер лигата, црвените оваа година ќе се обидат да „удрат“ и на најпрестижното европско натпреварување – Лигата на шампионите.

Во овој летен преоден рок беа многу активни, и на „Енфилд“ стаса голем број играчи кои дополнително ќе го зајакнат нивниот играчки кадар.

Меѓу другите, на клубот од Мерсисајд му се приклучија Флоријан Вирц, Жереми Фримпонг, Милош Керкез, Хуго Екитике… Но, тука нема да застанат.

Како што пренесува реномираниот спортски новинар – Фабрицио Романо, Ливерпул ги договорил сите услови со стоперот на Кристал Палас.

Покрај Геји, наскоро треба на „Енфилд“ да стаса и талентираниот Џовани Леони кој моментално игра за Парма во италијанското Серија А.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави англиски клуб кој е подготвен на Влаховиќ да му исполни се што сака!

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ би можел да ја продолжи кариерата во англиската Премиер л…