Дома Фудбал Левандовски стана третиот играч со 100 гола во Лигата на шампионите

Левандовски стана третиот играч со 100 гола во Лигата на шампионите

Роберт Левандовски, 36-годишниот полски фудбалер и напаѓач на Барселона, овој вторник го постигна својот јубилеен 100-ти гол во кариерата во натпреварите од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во десеттата минута од натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и француски Брест, беше досуден пенал за домашните, по прекршокот над Левандовски, а Полјакот беше тој што ја намести топката на белата точка и постигна гол за 1:0.

Играјќи за Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона, Левандовски стигна до својот 100-ти гол во Лигата на шампионите. Најмногу постигна 69 од нив во дресот на Баерн.

За Борусија постигна 17 голови, а за Барселона постигна 14 гола. Пред него се само двајца фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо има постигнато 140 голови, додека Аргентинецот Лионел Меси има 129 гола.

Зад Левандовски се Карим Бензема со 90 голови и шпанскиот напаѓач Раул со 71 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал на турнирот? ФИФА ја укина суспензијата на американскиот напаѓач (Видео)

Напаѓачот на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави Фоларин Балогун ќе биде до…