До пред неколку години, Австралиецот изјавуваше многу работи за нив двајцата, односно неговите изјави ја преминуваа границата. Сега објасни зошто се однесувал така. Вели дека најмногу на нишан му бил Надал.
„Не го поднесував, го мразев и чувствував бес кога го гледав“, признава Кирјос, чие однесување кон Шпанецот беше многу грубо.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
„Кога играв против него, сите го сакаа, сите велеа дека е голем тенисер. Сакав на сите да им покажам дека е можно да се забавуваш, да бидеш смирен и да победуваш играчи на таков начин.
Кирјос вели дека токму таквото однесување и размислување му носело голема мотивација против Надал, па затоа го победил во три од девет средби:
„Тој секогаш ме мотивирал до крај. Кога играв против него, се трудев да играм најдобро што можам. Таква лутина не чувствував кога играв против Новак Ѓоковиќ или Роџер Федерер“.