Дома Фудбал Ќе има промени во Манчестер јунајтед: Овие двајца сигурно заминуваат!

Ќе има промени во Манчестер јунајтед: Овие двајца сигурно заминуваат!

На крајот од сезоната, два сигурни заминувања од “Олд Трафорд”.

Манчестер јунајтед минува низ исклучително тешки времиња кога станува збор за резултатите на сите фронтови, кои се доста разочарувачки.

Управата на клубот ќе има полни раце работа доколку сака летово да оформи тим со кој Робен Аморим би можел да постигне нешто повеќе, а во овој момент сигурни се две заминувања.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, “Олд Трафорд” на крајот од сезоната ќе го напуштат двајца фудбалери кои потекнуваат од школата на Манчестер Јунајтед – Џони Еванс и Том Хитон.

И додека Еванс имаше некаква минутажа оваа сезона бидејќи забележа 12 настапи и постигна еден гол, Хитон цело време беше како трет избор на голот на “црвените ѓаволи”, па не одигра ниту еден натпревар.

Јасно е дека ова нема да биде голем удар за тимот на Јунајтед, но треба да се спомене дека Еванс и Хитон го поминаа поголем дел од својата кариера токму во Манчестер.

Фото: Manchester United/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготви изненадувањето за Арсенал

Апсолутно никој во Реал Мадрид не се откажа од уште еден пресврт и пласман во полуфиналето…