
Каталонските медиуми продолжуваат да го посочуваат судијата Шимон Марчињак како главен виновник за отпаѓањето на Барселона од Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите.
До сега, главните забелешки беа поради недосуден пенал за играње со рака на Ачерби, за казнен удар со кој „нерадзурите“ поведоа со 2:0, како и за недосуден прекршок на Дензел Думфрис против Жерард Мартин пред израмнетиот гол на Франческо Ачерби за 3:3.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Педри истакна дека Хенрих Мхитарјан требало да добие втор жолт картон за прекршокот врз Ламин Јамал, кој првично беше суден како пенал, но откако ВАР интервенираше, одлуката беше променета во слободен удар пред линијата на казненото поле.
Сега, „Мундо Депортиво“ изнесе снимки на ситуација од 73-тата минута, во која според изданието, последователно биле направени два прекршоци на Ачерби за пенал против Педри по корнер пред голот на Зомер. Тоа се случува при резултат 2:2. Еве ја и ситуацијата:
Според „Мундо Депортиво“, ВАР не ја прегледал ситуацијата, а Марчињак единствено со гест му покажал на Педри да се исправи, игнорирајќи ја интервенцијата по која тој завршил на земја.
.Things you don’t see on TV 🤥 pic.twitter.com/GIiUJJphjo
— BarçaTimes (@BarcaTimes) May 7, 2025