Дома Фудбал Кариус повторно се „прослави“: Трет натпревар прави кикс! (Видео)

Кариус повторно се „прослави“: Трет натпревар прави кикс! (Видео)

Фудбалерите на Шалке синоќа претрпеа пораз на домашен терен од Хановер во 26. коло на 2. Бундеслига со резултат од 2:1, а директен виновник за поразот беше Лорис Кариус.

Кариус, голман познат по своите големи грешки, во јануари потпиша за Шалке, а во својот деби-натпревар на 28 февруари во победата од 1:0 над Минстер беше играч на натпреварот.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Бранише добро и во победата од 2:1 на гости против Херта, па навивачите на Шалке помислија дека познатите грешки на Кариус се минато.

Но, тој веќе во третиот натпревар ги демантираше и беше директен виновник за поразот од Хановер.

Шалке водеше од 27. минута со голот на Кристофер Антви-Аџеј, а во 87. минута Јаник Рошелт израмни на 1:1, а потоа само една минута подоцна Кариус направи кикс и го подари победничкиот гол на Хановер.

Енцо Леополд нафрли од корнер, Кариус погрешно ја процени летечката топка и ја промаши, а Хавард Нилсен лесно со глава ја испрати во голот за победа на Хановер.

Се разбира, ова не е најголемата грешка во кариерата на Кариус. Тоа без сомнение останува моментот од финалето на Лигата на шампионите во 2018 година кога како голман на Ливерпул направи две несфатливи грешки и му ја подари титулата на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски може да се врати во поранешниот клуб?

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски би можел повторно да го облече дресот на швајца…