Дома Фудбал Елиот Андерсон го преферира Манчестер Сити пред Манчестер Јунајтед

Елиот Андерсон го преферира Манчестер Сити пред Манчестер Јунајтед

Манчестер Сити изгледа дека е фаворит за потписот на играчот за средина на терен од Нотингам Форест Елиот Андерсон, а и самиот фудбалер претпочита да ја продолжи кариерата кај “граѓаните”, а не кај нивниот градски ривал Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите на BBC, Ман Сити води во трката за 23-годишниот играч за средина. Јунајтед не сака да влегува во наддавање и долги преговори, што му дава предност на тимот од “Етихад”.

Главната пречка за трансферот сепак останува значајното разидување во проценката на играчот помеѓу Манчестер Сити и Нотингам. Трансферната сума може да постави нов рекорд за британски фудбалер, надминувајќи ги 105-те милиони фунти што Арсенал ги плати на Вест Хем за Деклан Рајс. Се очекува и настапот на Андерсон на Светското првенство да влијае на преговарачките позиции на клубовите.

Во изминатата сезона Елиот Андерсон одигра 38 натпревари во Премиер лигата, во кои постигна 4 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона во потрага по нов напаѓач. Дали ќе пристигне играч вреден 80 милиони евра?

Барселона се наоѓа во потрага по нов напаѓач откако Роберт Левандовски емоционално се због…